До утре трае вториот оглас за самовработување

Дел од 56-мината граѓани кои што ја користат мерката самовработување веќе започнале сопствен бизнис со грант од 3.000 евра неповратни средства. Најголема заинтересираност во Куманово има за занаетчиски работилници, мали производствени капацитети, но и за продавници. Новопечените бизнисмени се задоволни од програмата што ја нуди агенцијата завработување. Велат доколку им тргне работата, најверојатно ќе користат и друга мерка од програмата

-Преку мерката самовработување земав грант и отворив книжарница во населбата Перо Чичо во близина на училиштето, доколку успешно работам ќе користам и друга мерка, односно ќе вработам уште едно лице, изјави Маргарита Јовановска, корисник на мерката самовработување

На првиот оглас од оваа мерка аплицирале 112 граѓани, а од нив половина изработиле успешен бизнис план. Според анализите на центарот за вработување, дури 80 проценти од досегашните спроведени обуки од мерката самовработување успешно опстојуваат на пазарот на трудот. Корисниците на оваа програма  вчера остварија средба со претседателот на собранието , Трајко Вељаноски.

– Лесно е да се донесуваат законите, но суштината на носење на законите е добра имплементација на законите и решенијата , затоа што имплементацијата може да покаже дали треба да има одредени измени во законите или нема потреба, изјави Трајко Вељаноски, претседател на собранието на РМ

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, изјави дека по средбата  со корисниците на мерката самовработување,претседателот на Собранието и членови на ВМРО ДПМНЕ од Куманово ќе остварат средби со граѓаните од населбите „Зелен Рид“ и „Карпош“.

-Ќе поразговараме за локалните проблеми, за нивните идеи кои би можеле да се инкорпорираат во програмата за наредните парламентарни избори, секој пат на овие средби може да се чуе некоја идеја, така што од средбите произлегуваат најголемите проекти за граѓаните на Македонијa – изјави Зоран Ѓорѓиевски, пратеник

Вториот оглас за самовработување ќе трае до утре кога ќе се знае колку граѓани се заинтересирани да ја користат мерката самовработување за отпочнување сопствен бизнис.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)