До 11 часот излезноста во Куманово околу шест проценти

Вкупно 5,59% од гласачите во Куманово, односно 4.103 лица го оствариле своето право на глас заклучно со 11 часот, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Податоците се базираат на обработени 80,84 отсто од избирачките места, односно 135 места.

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.

Инаку, од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места на денешните локални избори до 11 часот гласале вкупно 135 906 гласачи, односно 10,22 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска.

Општини со најголема излезност на граѓаните се Новаци каде до 11 часот на гласање излегле 25,84 отсто, по што следат Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17.51 отсто…
Најмала излезност до 11 часот има во Врапчиште со 4,92 проценти.

 

Коментари

коментар(и)