До 15-ти мај ќе функционираат локалните самоуправи

Мандатот на градоначалникот и членовите на Советот на општина Куманово трае до 30-ти април годинава, што значи дека денеска се одржа последната законски утврдена седница на ова тело. Но, поради актуелната политичка состојба во државата и немањето услови за распишување на локалните избори во законскиот рок, Министерството за правда, по мислење на Министерството за локална самоуправа одлучи постојните градоначалници и советници на општините можат да ги извршуваат своите со закон утврдени надлежности до завршување на рокот определен во членот 16 став (1) од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на мај, со цел да се обезбеди заштита на уставно загарантираните права на граѓаните. Но, според претседателот на Советот на општина Куманово, се поставува прашањето што по 15-ти мај.

-На иницијатива на Министерството за локална самоуправа е формирано едно координативно тело од министерот за правда, заменикот, министерот за локална самоуправа, претседателот на ЗЕЛС, потпретседалот, секреатарот на секретаријатот за законодавство кои поднесоа свое видување што треба да се направи и нивното видување е следново дека мандатот на Советите и градоначалниците треба да трае до оној момент до избор на следните градоначалници и совети за да има свој контитуитет и граѓаните да ги остваруваат своите права, меѓутоа тука се јавува една правна дилема бидејќи само Собранието може да го промени законот, односно да донесе нов закон каде што ова би се случувало меѓутоа овде имаме проблем во формирањето на Собранието и сега оваа иницијатива која е од законот 35 и 49 од законот за локална самоуправа е дадена како иницијатива до Уставниот суд со што во понатамошниот период ќе очекуваме одредени сугестии препораки на кои советот ќе се придржува и ќе работи во согласност со истите-истакна тој.

Првиот човек на кумановскиот совет нагласи дека останатите општини од државата апелираат за што поскоро формирање на Собранието и разрешување на настаната состојба. Инаку на денешната седница на Советот на општина Куманово советниците дадоа согласност за планови за вработување во јавните претпријатија Водовод, Куманово гас, установите Детска градинка Ангел Шајче, домот за стари лица Зафир Сајто. Тие ја усвоија и меѓукултурната стратегија на општината, како и измени на неколку детални урбанистички планови.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)