ДПСМ избра ново општинско раководство

Владимир Стојановиќ, дипломиран политиколог е избран за нов претседател на општинската организација на Демократската партија на Србите во Куманово. На петото изборно собрание на партијата, за Стојановиќ едногласно гласаа сите 260 делегати. Тој порача дека како нов претседател ќе се залага за јакнење и почитување на правата на Србите во Куманово.

-На почетокот не чека тивка реорганизација на партијата треба да се избере ново раководство на жени, младите и сите помали тела ќе бидат резибрани или ќе бидат назначени нови луѓе. Ќе почнеме со една поактивна политичка работа во Куманово. Тоа ќе покаже самата работа на терен и ангажманот на новото раководство ќе покаже каде што има потреба ќе има промени, каде што е добро ќе остане така како што-изјави тој.

На изборното собрание се обрати и лидерот на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ кој зборуваше за успехот  на партијата, но и за актуелните политички случувања во државата. Тој истакна дека се одлучиле да назначат млади лица во новото раководство, кои подоцна ќе може да ја преземат паријата на централно ниво.

Досегашниот претседател на општинската организација на ДПСМ во Куманово, Бобан Јакимовиќ смета дека во својот мандат постигнал значител успех за партијата. Тој пред присутните делегати на новиот претседател му посака успех во понатамошната работа.

На изборното собрание за нов заменик-претседател на општинската организација на ДПСМ во Куманово е назначен Далибор Китановиќ, а за секретар Зоран Тошиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)