„Драга Јелена Сергеевна“ се изведе во Театар Куманово

Љубителите на театарската уметност, синоќа во Театар Куманово имаа можност да ја проследат претставата Драга Јелена Сергеевна“, која, е во продукција на Здружение за култура и уметност “Про Арте“-ТЕАКТЕР СТУДИО. Претставата е работена според текстот на руската авторка Људмила Разумовска, а во режија на Кети Дончевска Илиќ. Драмата ги преиспитува односите меѓу младите и возрасните. Во „Драга Јелена Сергеевна“ играат Александра Пешевска, Александра Михајловска, Давид Илиќ, Никола Наковски и Мишо Димитријевски.

-И од одзивот кај публиката се гледа дека е многу посетена претставата, супер поминува задоволни се луѓето, потресна е малку тема, тоа го зборувавме додека ја правевме дали ќе заземе страна публиката дали ќе е на страна на учениците или на професорите. Поучна е претставата ги повикувам сите да дојдат да ја погледнат. Ова е многу интересен текст на млада руска авторка. Овде има направено 50 ина претстави но претставата Јелена Сергеевна си ја вбројувам лично во топ 5-те претстави што ќе ги памтам цел живот. Презадоволна сум што ме викна Кети да сорабтоуваме, презадоволна сум од текстот, темата, процесот, колегите, младите глумци, соработката ни беше преубава, тешка, макотрпна на моменти, позитивна некогаш се смеевме од мака но доста многу работевме заради тоа ни беше и полесно на сцена- истакна Александра Пешевска, актерка.

-Ова е веќе моја петта година во овој театар и ова е еден прв поголем драмски лик што го толкувам, и покрај тоа што играм во доста претстави од репертоарот. Беше поинаков од другите ликови кои сум ги играла Љаља е средношколка која што знае што сака, и е некаде на границата да го добие тоа што го сака, да го добие по секоја цена, меѓутоа од една страна е таа опција и втората е сепак моралноста и човечноста којашто лежи длабоко во неа и таа е некако на граница лик кој најмногу ја разбира професорката од друга страна знае и мисли дека  не може се во животот да биде чесно. Еден интересен лик за мене и прекрасен процес, навистина уживавме како екипа во работата на оваа претстава, мислиме дека имаме добра претстава која е поинаква од они што ги имаме и претстава каква што треба да имаме почесто-дополни Александра Михајловска, актерка.

-Претставата вреди да се дојде и да се види, да се доживее и таа порака која ја носи и енергијата која ја носиме сите ние, мислам дека успеавме да направиме нешто многу добро, за да луѓето кога ќе заминат од претставата да не одберат страна, дали возрасните се во право или помладите, поедната е самите да си дојдат до своето мислење. Паша од друга страна е лик кој не е ни ваму ни таму, некаде помеѓу. Сака да ја има власта во рацето но од друга страна неговата неумошност, затоа што е доста мек лик не му дозволува , за мене како актер предизвик беше да се игра овој лик-изјави Никола Наковски, актер.

Актерите ги повикаа кумановци да ги проследат и останатите репризни изданија.  Музиката во претставата е на неколку кумановски бендови. Претставата е поддржана од Министерство за култура на РМ, Советот на Општина Куманово и неколку локални компании.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)