Државен натпревар на млади истражувачи

144 средношколци од целата држава денеска учествуваа на 55-от Државен натпревар на млади истражувачи од Р.С.Македонија, што се одржа во средното стручно училиште „Перо Наков “ . Ова е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаа можност да презентираат научно-истражувачки проекти во 23 области на природните науки: биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и слично. Организатори на натпреварот се Народна техника на Македонија која годинава прославува 70 годишен јубилеј, Сојуз на здруженијата на младите истражувачи на Македонија или Науката на младите и Народна техника Куманово.
Присутните ги поздрави директорката на средното училиште „Перо Наков“, Мила Жибак-Димковска. „Целта на сите нас е да се стремиме кон успехот и победата, а во основата на таа цел е нашата желба“ , потенцираше директорката.
-Како воспитно образовна институција имаме мисија да бидеме стимулативна средина за нови знаења, да дадеме придонес во креирање на модерна, квалитетна настава и сите заедно и наставниците и учениците и родителите да бидеме модели на добри граѓани и заслужни за новите постигнувања, рече Жибак – Димковска
Се обратија и Љубица Каракашова – претседател на Сојуз на здруженија на млади истражувачи на РСМ и Зоран Тодоров -претседател на Народна техника на Македонија.
55 –от Државен натпревар на млади истражувачи за отворен го прогласи раководителот на секторот за образование во Општина Куманово, Жика Крстевски.
Научно -истражувачките проекти изработени од натреварувачите од целата држава ги оценуваше тричлена жири комисија во состав од универзитетски професори.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)