Државен натпревар на млади истражувачи

Средното стручно училиште „Перо Наков “ викендов ќе биде домаќин на Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија. Станува збор за традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од областа на природните науки: астрономијата, биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база, производството на храна и комуникациите.

-На 13-ти април годинава (сабота) во организација на Народна техника на Македонија, Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија или Науката на младите и Народна техника на Куманово се организира 55-ти Државен натпревар на млади истражувачи на СРМ. Ние сме домаќини, натпреварот ќе се одвива од  09 до 16 часот, каде што ќе имаме период за прием на гостите, потоа ќе се одвива натпреварот и на крај поделба на награди, Мила Жибак, директор на СОУ „Перо Наков“

На државниот натпревар можат да учествуваат натпреварувачи кои се пријавени преку своите училишта. Оваа манифестација секогаш се одржува во месец април.

Коментари

коментар(и)