Државна лотарија отвори среќна куќичка на градскиот плоштад

Државна лотарија на Македонија ја прошири својата мрежа со отворање на нов штанд за уплата на игри на среќа, кој се наоѓа на градскиот плоштад, во близина на фонтаната „Батко Ѓорѓија“.

Со тоа, кумановци од денеска ќе имаат можност да ја тестираат својата среќа во сите игри  кои ги нуди Државната лотарија, но и да ги добијат сите детални информации врзани за нив.

Пред самото отворање се одржа и обука за вработените коишто ќе ги услужуваат граѓаните. Инаку Куманово важи за трет град во државата во кој најмногу се уплаќаат игри на среќа.

-Ние овде ја ставивме среќната куќичка, од сега мислам дека ќе биде најсреќното место во Македонија бидејќи доста е специфично во дрвен стил и слично, народот го гледа тоа. Овде имаме 7 до 8 видови инстант лотарија, ќе може да се уплаќа лото и сигурно некои нови производи кои понатаму ќе ги издава Државната лотарија што ќе ги пушта во промет. Нашата цел е да ги наградуваме луѓето. Најсреќен сум бидејќи како што ја пуштивме грепката, првиот џип се изгреба во Куманово. Ја знаеме и добитничката уште не беа пуштени првите 50.000 грепки, првиот џип се падна. Тоа покажува дека треба веќе и вториот џип., инаку во серијата се 10 џипови. Нашата интенција ќе биде државната лотарија да расте во секој град се повеќе и повеќе. Полека да ги учиме играчите да играат игри на среќа, бидејќи верувајте нашите инстанти враќаат многу, 65 проценти во зависност од грепката се враќаат во добивки Сите гледачи и љубители на игри на среќа да не заборават среда и сабота премијата на лото 270.000 евра премиета на џокер 60.000 евра, два џекпота во една игра, мислам дека треба своите среќни 7 броеви да се пополнат и да се очекува  вечер извлекувањето -истакна Александар Поповски од Државната лотарија на Македонија.

Од државната лотарија истакнаа дека нема да застанат на овие игри. Во наредниот период се подготвуваат многу нови, интересни грепки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)