Дрога, девизи, дрон и машини запленети на ГП Табановце

Во текот на минатите две седмици е откриен еден обид за криумчарење марихуана и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено биле задржани готови пари, дрон, детектор за метали и употребувани машини за обработка на дрво, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Марихуана со нето тежина од 22 грама била откриена од страна на мобилните царински тимови, при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Возилото, кое во поплаедневните часови на 8 септември се пријавило за излез од државата, било селектирано за контрола со царинско куче. При контролата на возилото, над металната изолација на издувната цевка, била пронајдена најлонска кеса со зелена тревкаста материја, а по извршено вештачење во Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, утврдено било дека се работи за марихуана.

Царинската управа против осомничениот поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение дека  сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а лицето било предадено во Основниот суд Куманово каде судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Четири илјади евра биле откриени при контрола на германски автомобил и личен претрес на македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Возачот пријавил дека носи 3.000 евра, што биле пронајдени кај него при личниот претрес, но при контрола на возилото, во паричник сместен во преграда под потпирачот за раце меѓу предните седишта, биле пронајдени уште 3.000 евра.

Возачот не поседувал документ за потекло на парите, поради што, согласно законските прописи,  му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 4.000 евра биле привремено здржани. За сторениот девизен прекршок против возачот е поведена прекршочна постапка.

Еден употребуван дрон и 2 употребувани електрични машини за обработка на дрво биле откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во мал куфер, сместен во багажникот помеѓу останатите патни торби, бил пронајден дрон.

Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во две пластични вреќи, сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени една употребувана електрична кружна пила еден употребуван електричен струг за дрво.

Во двата случаи непријавените производи биле привремено задржани, а како што велат од Царинската управа, против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)