ДРОМ и гимназијата со подароци за најмалите

Дечињата кои што го посетуваат детско катче што функционира во рамките на невладината организација ДРОМ денеска на завршната манифестација за оваа година добија новогодишни пакетчиња од Центарот за ромска заедница, но и подароци изработени од гимназијалците. Децата на возраст од четири и пет години им покажаа на присутните што научиле во текот на годинава преку рецитали, игра и песна.

– Мислам дека направме една убава презентација, ги израдувавме дечињата, ни прикажаа што научиле во текот на годината и мислам дека многу сме задоволни со вакви деца што посетуваат градинка и се надевам дека кога ќе пораснат ќе бидат добри ученици и ќе завршат високо образование, ќе најдат добра работа. Се надевам дека соработката со гимназијата ќе продолжи, изјави Ахмед Јашаревски, претседател на ЦРЗ „ ДРОМ “

-Ова се подароци од гимназијата „Гоце Делчев“  изработени по проектни активности Бизнис и претприемништво, ликовна уметност, култура на здраво живеење , како и сите ученици од нашата гимназија со желба да им посакаме на дечињава среќна нова година и да биде убаво за сите луѓе, изјави Соња Алексиевска, Гимназија „ Гоце Делчев “

Детското катче кое што функционира веќе две години како дел од ДРОМ го посетуваат  триесет дечиња.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)