ДРОМ организираше саем „Побарај работа, вработи се“

Невработени лица и претставници на различни компании од Куманово денеска присуствуваа на саем, кој се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а е во рамки на проектот „Побарај работа, вработи се!“. Проектот го спроведува Центарот за ромска заедница ДРОМ во соработка со Агенцијата за вработување од Куманово. На завршната манифестација од проектот беше презентирана апликацијата „drom.org.mk“, со која ќе се обезбеди полесен пристап до информации за наоѓање работа.

-Интенција на проектот и програмата е како да се дојде до работно место, како да ги поврземе барателите на работа и самите компании, преку софтвер кој веќе е реализиран и пуштен. Се надевам дека ќе олесниме и на самите фирми и на лицата кои се баратели на работа, како побрзо  да дојдат или полесно да најдат работа-посочи Ахмет Јашаревски од ДРОМ.

Во рамки на проектот невработените, но и компаниите и институциите од Општина Куманово имаа можност и да присуствуваат на обука за користење на апликацијата.

-Потребата од софтвер е неминовна за таква функционалност, поврзување на двете засегнати страни, барателите за работа и оние што бараат работници. Треба некој да биде во средина, тоа е системот, платформата, која од една страна ги прибира оние кои бараат работа формираат профили во системот, и оние кои бараат. Работници се внесуваат во системот, така што се вкрстуваат податоците се прави обработка на податоците и се дава предлог кои профили соодејствуваат со профилите кои што ги бараат фирмите-истакна – Елвис Хајдер, дипломиран информатичар.

Проектот „Побарај работа, вработи се!“ е финансиран од „Цивика Мобилитас“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)