ДРОМ со еколошки акции и еко патроли во ромските населби

„Чиста околина-здрава животна средина“ е насловот на проектот кој го спроведува Центарот за ромска заедница ДРОМ, во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан, ReLoad, која е финансиран од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Главна цел на проектот е да се покрене свеста на населението за зачувување на животната средина и намалување на отпадот. Целна група е ромското население кое живее во трите населби Средорек, Бавчи и Бараки. За таа цел здружението организира еколошки акции, но и еко патроли низ овие три населени места.

-Досега се реализирани четири, остануваат уште 12 еколошки акции, кои ќе се реализираат низ трите ромски населби, каде што ќе се вклучи населението со тоа што на крај сите што се вклучени ќе добијат катни за отпад, како една благодараност. Моментално имаме и еко патроли низ трите ромски населби каде што се внимава на загадувачите на животната средина, односно внимаваме кој фрла во депониите, се разговара со населението, одржавме две обуки  учествуваа 60 лица од трите ромски населби, имавме теренско анкетирање за да дознаеме каде е изворот на проблемот со загадувањето, дојдовме до заклучок дека во ромските населби не е воспоставен систем на исфрлување на отпадот, не се исфрла редовно, затоа сакаме во рамки на овој проект да воспоставиме заедно со ЈП Чистота и Зеленило, апел и до општината и градоначалникот, да направиме заедничко решение, да се направи редовно изнесување на отпадот од трите ромски населби и воедно да се постават повеќе контејнери бидејќи тоа го извлековме од комуникација со населението, дека им фалат садови за смет и дека не се доволни за трите ромски населби-посочи Лилјана Симонова, координатор на проект.

Од здружението информираа дека на крајот на проектот ќе се доделат кантите за отпад, но и ќе се конструира парк за деца, кој ќе биде поставен на дива депонија, која претходно во соработка со јавното претпријатие Чистота и Зеленило, целосно ќе биде исчистена.

Проектот„Чиста околина-здрава животна средина“ се реализира осум месеци и ќе трае до април годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)