ДРОМ со проект „Инклузија на децата Роми во образованието“

Центарот за ромска заедница Дром, од февруари започна со имплементација на проектот „Инклузивност на деца Роми  во образовниот процес“. Проектот ќе се реализира во период од девет месеци и е поддржан од RRC и KMOP. Целта на проектот е да се зголеми бројот на ученици Роми од општина Куманово со завршено основно и средно образованиево период 2018-2020 година.

-Во проектот ќе бидат вклучени деца од 6 до 16 години кои се исклучени од образованиот процес. Активностите ќе бидат идентификување на деца, преку теренско истражување во ромските населби и во централното градско подрачје каде што живее ромско население со цел да се вклучат во образовниот процес. Исто така ќе се воспостави линк помеѓу основните училишта и родителите и децата кои се исклучени од образовниот процес-Ресмија Асановска координатор на проект на ДРОМ.

Цел на ова истражување ќе биде да се утврдат причините за исклученост од образование  како и да се поттикнат  и мотивираат за вклучување во образовниот процес. Ќе се воспостави линк со надлежните локални институции кои ќе можат да придонесат за решавање на овој проблем. Ќе се изготви документ кој ќе даде комплетна слика за состојбата и ќе се дадат насоки за подобрување на истата. На крајот на проектот ќе се изврши медиумска презентација на проектот. Теренското истражување ќе се спроведе во населбите Средорек, Бараки, Стари Лозја  и Бавчи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)