Душан Секулиќ одржа хуманитарен концерт

Од класична до поп и рок музика свиреше синоќа светскиот виртуоз на хармоника Душан Секулиќ на хуманитарниот концерт одржан во кумановскиот театар. Ротари и Ротаракт клуб од Куманово го организираа хуманитарниот настан во рамките на Балканската турнеја на Секулиќ  со бендот со цел да се соберат средства за изградба на инклузивно игралиште на градскиот кеј.

-Хуманитарниот  концерт што се одржа вечерва е дел од еден поголем проект „Љубовта не е само збор“  кој што се одвива во повеќе европски држави засега и сега дојде и во Македонија. Средствата на хуманитарниот концерт ќе бидат наменети за изградба на игралиште за лица со посебни потреби на Кеј во Куманово и би сакал да се заблагодарам на сите присутни луѓе и на сите поддржувачи на настанот. Се планира игралиштето за лица со посебни потреби да биде изградено наредната година при крај на јуни месец, изјави Филип Станковски,  зам.претседател на Ротаракт клуб Куманово

Душан Секулиќ кој што е член на Ротари клуб Бијељина, БИХ е роден 1985 –та година во Сараево. Од петгодишна возраст започнал да свири хармоника и за брзо време се заинтересирал за класичната музика. Магистрирал на Виенскиот конзерваториум со највисока оценка. Со својата појава, ставот, маестралното свирење и бројните солистички концерти во Европа, Азија и Австралија тој ја одушевува светската концертна публика.

-Во овој град можам слободно да кажам дека имам пријатели за цел живот и драго ми е што можам да помогнам за оваа хумана цел. Што се однесува до самиот концерт ја слушнав најавата, најдобро е опишан со реченицата „Очекувајте го неочекуваното “! , изјави Душан Секулиќ,

Влезниците за хуманитарниот концерт можеа да се купат по цена од 300 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)