Евангелистичката црква подели пакетчиња на стечајците

Околу 50 божиќни пакетчиња денеска подели Евангелистичко-протестанската црква на децата на стечајните работници од градот. Од црквата велат дека пакетчињата се со цел да ги израдуваат внуците на оваа категорија граѓани. Тие ветија дека наредната година ќе дадат се од себе, за да поделат повеќе пакетчиња на стечајците низ државата.

-Ова е мала пратка но  еден траг да оставиме дека и ние мислиме на нив. Се  надевам дека за другата година ќе направиме поголем проект за да сите стечајни работници бидат задоволни, нормално морам да нагласам дека контактот меѓу нас како црква и Лилјана и општинскиот совет беше на добро ниво-изјави Зоран  Колевски,  претставник на црквата.

Колевски нагласи дека изминативе 20-ина години имале неколку различни хуманитарни акции, кои биле наменети за социјално ранливи категории на граѓани. Додаде дека божиќните пакетчиња ги донирале луѓе од Западна Европа и САД.

Претставникот на стечајните работници од Куманово, Лилјана Георгиевска се заблагодари за донацијата, истакнувајќи дека барем некој успеал да се сети на нив. Таа се надева дека пратениците ќе го изгласаат предлог-законот за обештетување на стечајците, па наредната година оваа донација нема да им биде потребна.

-Предлог законот е во процедура, за жал не помина ниту на комисијата за финансии, ниту на комисијата за труд и социјална политика. Што е најстрашно и жално секогаш сме обележани како граѓани Ш-категорија. Еден апел до пратениците, владејачката партија и коалицијата да ги остават  партиските интереси и да го изгласаат предлог законот по свое видување и желба и да стават крај на нашата голгота-нагласи таа.

Георгиевска истакна дека тие бараат да се обештетат, со тоа што старосната граница ќе биде покачена за жените со 52 години и мажите со 55 години.

-Не значи дека ние ќе се откажаме туку ќе бидеме по присутни на улици и ќе употребите порадикални мерки, блокади пред институции, улици, до сега бевме мирни бидејќи имаше многу протести и ајде и ние да не бидеме обележувани како партиски, бидејќи овие луѓе немаат повеќе од што да живеат тие се на маргините, немаат ниту леб да купат, ќе бидеме принудени да излеземе на улица и нема да не интересира кој ќе седне во влада, секој ќе ни биде непријалет кој нема да ја обештети оваа категорија на луѓе-додаде таа.

Претставничката на стечајците истакна дека морталитетот кај нив е згоелемен, па од 6.000 сега за три години се сведени на 4.000 стечајни работници.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)