Евангелска црква со донација за стечајците

Пакети гардероба вчера додели Евангелската црква на стечајните работници во градот. Од црквата се надеваат дека донацијата ќе им биде од корист на оваа категорија граѓаните. Се работи за облека која е донација од Англија, Шведска и Италија.

-Ова ни е петта иницијатива на делење на ваква хуманитарна помош, првата беше за бегалците во Табановце потоа имавме две-три во црквата на луѓе кои се во лоша економска состојба и од неодамна се запознавме со Лиле и од тогаш ни дојде идеа дека гардеробата која е останата може да биде доделена на луѓето и организиравме мислам дека има околу 50 луѓе мислам дека иако е од втора рака, користена сепак може да се најде добра облека-истакна Сашо Георгиевски пастор на Евангелска црква.

Претставничката на стечајните работници, Лилјана Георгиевска се заблагодари за донацијата.

-Евангелската црква еднаш покажа хуманост со божиќни пакетчиња, еве сега повторно покажува хуманост каде што има доделување на гардероба на стечајните работници кои не се во можност повеќе ниту да купат да се облечат, така што една голема благодарност до оваа црква, Господ гледа на нас има уште хумани луѓе кои сакаат да им помогнат на стечајците додека политичарите се тепаат за власт, има некој кој мисли на нас, и ни помага-посочи таа.

Од Евенгелска црква посочија дека и во иднина ќе продолжат со вакви донации.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)