Европски ден на спортот во училиштата

Градот во петок ќе биде домаќин на првиот „Европски ден на спортот во училиштата“, кој го организира Федерацијата на спортските педагози. Настанот кој за прв пат се организира во нашата држава има за цел на креативни начини и во услови на пандемија на децата, учениците но и повозрасните да им овозможи физички активности. Оваа година по шести пат се организира Европскиот ден на спортот во училиштата, како предводник на #BeActive „Европска недела на спортот“.

-Досега учествувале 44 земји од Европа па веќе се прошири и на другите континенти. Ние го организираме за прв пат кај нас. Сега сме во хендикеп состојба што училиштата не се отворени, стартот на учебната година е одложен за 1-ви октомври и уште една работа е физичкото присуство на учениците ќе биде намалено со рестрикција, па така овој настан ќе го организираме онлајн. Замислено е да има 120 минути физичка активност за учениците, меѓутоа бидејќи ќе се работи и ќе се покажуваат вежби онлајн на социјалните мрежи, ќе го поделиме во четири дела или четири сесии по 30 минути на кои што наши еминенти наставници по физичко, фитнес инструктори, спортисти ќе ги дадат своите креативни вежби –истакна Југослав Спасиќ, претставник на Федерација на спортски педагози на РСМ и претседател на Здружение на спортски педагози на Куманово.

Минатата година на овој настан учествувале 90.000 училишта. „Европски ден на спортот во училиштата” е координиран од унгарската федерација на училишен спорт во соработка со „Европската асоцијација за физичко образование“,“, „Меѓународното здружение за спорт и култура“,„Национални координатори во повеќе од 33 земји“ и други организации.

-Куманово верувам дека ќе биде град со најмасовно вклучени училишта, ученици, активности. Снимени се веќе видеа кои што ќе се прикажуваат онлајн и ќе има интереси случувања квиз, награди, за нешто што е онлајн мислам дека е одлична организација. Верувам дека ќе даде поттик за понатаму да не останеме пасивни во оваа доба кога се онлајн активностите, туку да биде поттик за да направиме уште повеќе активности за да го активираме спортскиот дух и да помогнеме за физичкото и здравственото образование кое најмногу ќе изгуби во оваа ситуација на онлајн настава-нагласи Филип Колевски, претседател на Сојуз на спортови Куманово

Настанот е поддржан од Европската федерација на спортски педагози, а е финансиран од Европската унија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)