Европски пари за туристичко- информативен центар

Со европски пари ќе се реновира поранешниот Задружен дом во селото Младо Нагоричане. Грантот за реконструкција и преадаптација на овој објект општината Старо Нагоричане го добила како резултат на добрата меѓугранична соработка со бугарската општина Рила.

-Ние го добивме и грантот -проект од 500.000 евра за реновирање на задружниот дом во Младо Нагоричане каде што домот ќе го претвориме во туристичко -информативен центар. Тоа е заедничко аплицирање преку меѓугранична соработка на општина Старо Нагоричане и општина Рила , Република Бугарија, изјави Милован Стојковски, градоначалник на општина Старо Нагоричане.

Според најавите на градоначалникот Стојковски, градежните работи околу обновата на задружниот дом  ќе започнат на есен.

– Сега ќе дојдат за задружниот дом со меѓугранична соработка да го видат објектот на лице место, тоа е токму онаа состојба во која што го имаме пријавено, но пред да потпишеме договор ќе дојде делегација од ЕУ од Бугарија така што мислам дека на есен ќе почне и со градежни работи што се однесува до овој голем објект или проект што го имаме, изјави Стојковски.

За реконструкцијата на овој речиси руиниран објект во Младо Нагоричане од вкупните одобрени средства преку меѓуграничната  соработка ќе бидат искористени 275.000 евра, а останатата сума е наменета за обнова во општина Рила.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)