Еден загинат и двајца повредени во сообраќајна незгода

Триесетгодишно лице од скопско загина, а кумановец и уште едно лице од скопско се повредени, откако во нив удрило товарно возило и избегало. Собраќајната незгода се случила на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, соопшти МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Коментари

коментар(и)