Еден новозаболен во Куманово, 40 во земјава

Едно новозаболено лице од Куманово од вкупно 40 нови случаи на ковид -19 регистрирани изминатото деноноќие во земјава, од направените 549 тестирања. Со последните податоци, бројот на активни случаи на заболени од коронавирусот во Куманово изнесува 23.

Според податоците на министерството за здравство, во последните 24 часа, на Клиниката за инфективни болести во Скопје починал 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај, а евидентирани се и 11 оздравени пациенти. Најголем број од новозаболените се во Скопје, дури 26, а денеска е потврден и прв позитивен случај-вработен во градинка во Скопје. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на излекувани пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.

Од смртните случаи, 21 починато лице се од Куманово.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминатото деноноќие  примени се седум нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49 лица.  Од нив, на кислородна поддршка се 19 , додека на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во болницата „8-ми Септември“ примени се 12 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 25 лица. На респираторна машина се тројца пациенти, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти, додаваат од министерството за здравство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)