Една година ХФ – обврзани сме да го продолжиме историското пријателството помеѓу Македонија и Хрватска

„Од иницијатива на десетмина млади, денеска Хрватски Форум е навистина единствена младинска организација која како таква го покрива подрачјето на македонско – хрватското пријателство, унапредување на меѓудржавната соработка, вклучувањето на младите како и промоција на двете култури“, изјави генералниот секретар и основач на ХФ, Марко Видачек, на денешната прес – конференција во Тетово по повод една година од основањето на Хрватскиот Форум.

„Тука, во просторот на Урбан клуб пред една година ја оддржавме првата седница на Клубот на основачи со што и официјално нашата организација започна со работа“, изјави портпаролката на Хрватски Форум, Ема Павловска.

Генералниот секретар Марко Видачек истакна дека денес Хрватски Форум е организација со локални клубови во 6 градови и со голем број на членови, соработници и поддржувачи од речиси сите градови од Македонија.

На прес-конференцијата беше истакнато дека успеашно е остварена соработка и заеднички спроведени активности со единиците на локалната самоправа, со државни комисии и агенции, како и со голем број на невладини организации.

„Во периодот зад нас успеавме да спроведеме голем број едукативни, програмски и хуманитарни активности особено на територија на општина Тетово, кои навистина опфатија голем број на учесници. Формиравме и Програмски совет како советодавно тело составено од истакнати личности, експерти, професори, а беа и организирани и Одбори во различни области“, рече Видачек.

ОБВРЗАНИ СМЕ ДА ГО ПРОДОЛЖИМЕ ИСТОРИСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО НА МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА

„Нашата идеја да се организираме и да соработуваме е денеска реалност која како таква ни дава за право да веруваме дека е ова здрава основа за понатамошен уште поактивен и поорганизиран пристап од наша страна, но и за  хрватската заедница во Македонија воопшто“, изјави Видачек.

На прес – конференцијата заменик претседателот на Одборот за надворешни работи, Азиз Сулејмани, истакна дека на меѓународен план воспоставена е соработка со бројни граѓански организации од Хрватска и од другите соседни земји, за што очекуваме дека во периодот истите ќе се интензивираат.

„Го следевме периодот на претседавање на ХР со ЕУ и како таков сметаме дека се покажа навистина значаен за македонската европска перспектива“, изјави Сулејмани.

НАЈАВЕНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИТЕ И ХРВАТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

На прес – конференцијата беше најавено воспоставувањето на соработка со македонските и хрватските Универзитети, продлабочувањето на економската и културната соработка помеѓу Македонија и Хрватска, како и едно уште поголемо вмрежување на младите од Македонија и Хрватска.

„Го најавуваме и оддржувањето на Изборното Собрание на ХФ, кое ќе се случи наредниот месец, во Тетово, на кое учество ќе земат членовите од целата држава. Сметаме дека понудивме нов пристап за младите и оставаме резулатите да говорат колку се покажавме како успешни. “, истакна Видачек.

Учесниците на прес – конференција изразија благодарност до новинарските екипи за нивниот ангажман, особено во услови на пандемија, а беа поздравени и Македонско – хрватското друштво, Институтот за развој на заедницата, Државната канцеларија за Хрвати при Владата на РХ и на хрватската амбасада во Скопје.

ОД ХФ најавија дека за сите следни активности и настани, кои се во склоп на роденденскиот месец, дополнително ќе биде известена јавноста со оглед на секојдневните промени во поглед на ситуацијата со коронавирусот.

Хрватскиот Форум својата едногодишна работа и придонес ја покажа токму преку своите активности и соработки.

Не само не централно, туку и на локално ниво претставниците на Хрватскиот Форум ги запознаа младите со организацијата , им овозможија на младите учество во случувањата во општествениот живот и придонесоа за заживување на младинските идеи и политики.

Во неколку града од државата ХФ ги спроведе своите акции а како едни од првите акции кои беа спроведени беа токму во нашиот град.

Па така првата активност која се спроведе во Куманово беше хуманитарна акција на која што претставниците на ХФ заедно со претставници од Црвен Крст во Куманово собираа облека и средства кои што подоцна беа донирани во Црвениот Крст, а воедно беа донирани и средства за малата Симона која што по долгата битка го изгуби својот живот.

По успешно спроведената хуманитарна акција која воедно се одржа и во други градови во државата (Скопје, Тетово, Битола, Гостивар) имавме зголемен број на членови кои што се заинтересираа за нашата организација и пристапија кон истата. Втората активност која беше спроведена во нашиот град беше средба со градоначалникот на град Куманово, господинот Максим Димитриевски на кој што присуствуваа заменикот генерален секретар и секретарот за образование. Со градоначалникот разговаравме за младинскиот активизам и значење на младинското учество во политичкиот и општествениот живот на државата а воедно и проширување на форумот во нашиот град. Исто така, претставниците од Куманово учествуваа во бројни обуки, онлине семинари и хибридни вебинари кои што помогна младите од Куманово да бидат вклучени во сите општествени случувања и проблеми во државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)