Едногодишен мандат на градоначалникот Димитриевски

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска пред пошироката јавност ги презентираше активностите реализирани во текот на едногодишниот мандат. Почнувајќи од инфраструктурните проекти, Димитриевски информираше дека изминатиот период биле асфалтирани 19 улици со вкупна површина од 36.143 метри квадратни, тампонирани – 15 улици на површина од 19.110 метри квадратни, а поставен бекатон има на 9 улици со површина од 4.000 метри квадратни. Завршени се и тротоари на повеќе локации на површина од 6.000 метри квадратни, реставрирана и изградена нова водоводна мрежа на четири улици, поставена атмосферска и фекална канализација во должина од 9.000 метри, потенцираше Димитриевски.

Заврши проектот за „Рехабилитација и екстензија на канализациона мрежа во Куманово. Средствата, во висина од 4 милиони евра беа обезбедени од Европска Унија преку програмата ИПА. Со овој проект беа опфатени 54 локации на територија на општина. Се реконструира градскиот плоштад (замена на плочки, решетки на сливниците и скалите на двата плоштади)и фонтаните Батко Ѓорѓија и  4 бандери. Од страна на ЈП „Куманово Паркинг “ поставени се 60 канделабри со штедливи светилки  на двата градски плоштади, а ќе бидат обезбедени плус 20 за пред Скопски Дуќани, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Општина Куманово заедно со ЈП „Чистота и Зеленило“ и ЈП „Куманово Паркин“  започна со реконструкција на постоечки пристапни патеки на Споменик Костурница, хортикултутно уредување, поставување на урбана опрема и осветлување на тој дел од градот, рече градоначалникот. Завршена е првата фаза на речното корито , а во тек е втората фаза од регулација и изградба на речното корито на Липковка. Поставени  се нови 40 средства за успорување на сообраќај на повеќе локации во градот, со посебен акцент на училишта и градинки. Од нив подигнати пешачки премини  се  15 , а останатите се стандардни. Успешно се спроведува и проектот  Нулта толеранција за непрописно паркирање, смета Димитриевски.

-Потпишан е договор за катната гаража кај центарот за култура, која ќе биде поставена при крајот на оваа година.Останатите две треба да се постават кај трговскиот центар СУ-МА и на т.н. „Берза“ зад  Централно-кооперативна банка. Се направи паркинг простор на Сточен пазар и покрај зградите во МЗ Панче Пешев.  ЈП „Куманово Гас„ за период од една година постави вкупно  2055 метри  гасоводна мрежа. Со одлука на совет, Општина Куманово ќе субвенционира 10 000 денари за еден приклучок на гас. За една година изградени се три приклучоци на колективни станбени згради со околу 200 станбени единици и 20 индивидуални станбени единици. Проширена е секундарната гасоводна  мрежа до ОУ „Бајрам Шабан“ со можност за приклучување, изјави Димитриевски.

Димитриевски посочи дека JП „Водовод“ започна со замена на старите со нови електронски водомери, во системот на водоснабдување во Општина Куманово.

Проектoот е финансиран од ИПА фондовите во вкупна вредност од 1,65 милиони евра, а предвидува замена на 10.000 електронски водомери.

Во областа на чиста животна средина, локалната самоуправа за една година спроведе повеќе акции за чистење на дивите депонии и речните корита, уредување на градскиот парк и паркот пред отворениот и затворениот базен . Во рамки на проектот  Засади живот за нов живот, засадени се вкупно 170 садници. Поставена е нова урбана опрема (клупи и канти) во центарот на градот како и нова комунална опрема (замена на стари со нови контејнери околу 80), а ЈП „Чистота и Зеленило„постави и контејнери за примарна селекција на отпад.

-Во тек е кровна реконструкција на второто ниво на Зелен пазар и  поставување на нов громобран како и реконструкција на  тоалети. Промена на водоводна и електрична инсталација, како и поставување на нови врати,  прозорци, плочки и санитарија во тоалетите. Средствата за оваа реконструкција се обезбедени преку ЕУ, односно – Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија, кофинансирана од страна на министерството за локална самоуправа. Се надеваме дека во блиска иднина ќе изнајдеме финансиски средства за реконструкција на трето ниво и со тоа ќе ги подобриме условите за корисниците на Зелен пазар Куманово, изјави Димитриевски.

Преку програмата за општинско корисна работа на проектот „Локална прегратка“, Општина Куманово ангажираше 20 лица кои што  ќе работат со лицата со попреченост во дневните центри и со стари и изнемоштени лица во домашни услови, потенцираше Димитриевски.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)