Едукативно предавање за безбедно користење интернет

Во рамки на проектот „ Интернетот не e само игра. Кликај безбедно“ од денеска основното училиште „Крсте Мисирков“  е опфатено со едукативната програма на компанијата ВИП наменета за учениците за безбедно користење на интернетот и социјалните мрежи низ целата држава.

-Оваа тема е многу значајна и наша одговорност е децата да бидат безбедни додека ги користат популарните социјални медиуми. Се уште оваа тема не се провлекува низ јавноста колку што треба и колку што сакаме, а ние сакаме да ја промовираме, безбедноста на интерентетот, безбедноста на учениците и до крајот на годината ќе опфатиме 12 градови во 20 училишта, изјави Мислав Галер, извршен  директор  на компанија ВИП.

Партнери на проектот и годинава се Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

„Сурфањето може да биде и забавно и корисно, но овој процес може да предизвика и ризици како злоупотреба на лични податоци, интернет измами, истакна министерот за образование Арбр Адеми.

-Сакам да им се заблагодарам на професионалците од ВИП кои ќе организираат интерактивни предавања, прилагодени за возраста на учениците, кои ќе бидат запознаени со основни поимо поврзани со ИКТ областа, интернетот, ќе се научат и ќе стекнат познавање како правилно да применат апликации, како да да ги заштитат личните податоци, како да се избегнат податоци на интерент измами, изјави Арбр Адеми , министер за образование

Градоначалникот Максим Димитриевски се заблагодари на компанијата што одбрала вториот циклус едукативни предавања  да го почне во едно од најстарите училишта во градот.

-Верувам дека на ваков превентивен начин  ќе дадеме придонес со самиот проект да најмладите бидат првенствено едуцирани во делот на користење на сигурен интернет и сигурна комуникација , а воедно ќе дадеме и дополнителна едукација и на родителите и на сите останати кои што се поврзани во тој сообраќај, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

– Со само едно кликнување на еден од линковите кои што се нудат децата влегуваат во едно море на многу податоци , меѓутоа и многу опасности. Затоа денеска на еден креативен начин учениците од четврто одделение ќе бидат запознаени како правилно да пристапат на интернет , а исто така и правилно да го користат интернетот за сопствени цели и да не бидат злоупотребени, изјави Александар Јовановиќ, директор на ООУ „Крсте Мисирков“

И директорот Јовановиќ  е благодарен на компанијата која покажува општествена одговорност. Тој испрати јавен апел до родителите и тие да се вклучат  активно во проектот бидејќи мора да имаат контрола на дечињата што внесуваат , што кликнуваат и што објавуваат на интернет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)