Едукативно сообраќајно предавање во „Наце Буѓони“

Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ денеска се одржа едукативно сообраќајно предавање во рамки на кампањата „Биди паметен – стави појас“, која ја реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот во патиштата и општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Куманово. Кампањата е за подигање на свеста за поголема употреба на сигурности појаси на патниците и возачите.

-Следејќи ги состојбите со безбедноста во патниот сообраќај и истражувањата покажуваат дека помалку од 30 проценти од возачите и патниците користат сигурносни појаси. Имајќи во предвид како е ефектот по однос на безбедноста на патниците и возачите Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата иницира кампања под мотото Биди паметен-стави појас-нагласи Ристо Манчев од РСБСП.

Од Советот информираат дека кампањата се реализира веќе неколку месеци. Предавања се спроведуваат во средните училишта, високообразованите институции, но и со дистрибуција на едукативни материјали и засилени контроли од сообраќајната полиција.

-Културата и навиката во сообраќајот се стекнуваат од најмали нозе, потребна е континуирана едукација, и затоа Советот континуирано реализира кампањи и убедени сме дека на еден подолг период ќе ја постигнеме целта за промена на навиките и културата во сообраќајот и поголема употреба на сигурносниот појас. Не само појасот туку и почитувањето на сите правила и прописи во сообраќајот е особено важно затоа што за жал голем е бројот на лица кои што го губат животот или страдаат во сообраќајни незгоди. Сообраќајните незгоди сепак се сериозен извор на опасности и заслужуваат посериозно внимание од сите општествени чинители-нагласи тој.

Учениците имаа можност покрај стручна презентација да проследат и едукативни видео спотови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)