Екипа на Ф.К Биџо Куманово со генерацијата 2010, за прв пат учествуваше на меѓународен турнир Златибор, кој го организираше фудбалскиот клуп Црвена Ѕвезда Ужице.
Турнирот се одржа од 3-ти до 6-ти мај на Златибор. Силите ги одмерија фудбалери и фудбалерки од 7 до 13 години, поделени во над 140 екипи во 7 категории.
Во категоријата 2010, екипата на Ф.К Биџо го освои првото место во борба со 30 екипи од целиот балкан. Од клубот велат дека тимот прикажал одлична игра и борбен дух и заслужено го освоил првото место, со еден нерешен меч и седум победи.