Екипите на Водостопанство активни на терен

Екипите на водостопанство „Кумановско липковско поле“ веќе неколку дена интервенираат на терен во кумановско. Се работи во село Довезенце и Пчиња. Првиот човек на претпријатието информира дека состојбата со реките почнува да се стабилизира.

-Веќе неколку дена сме на терен минатата среда, работиме во село Пчиња, Довезенце во заштита на неколку куќи и штали, машините се таму, вчера бевме во Бељаковце, на патот кој води кон Куманово бидејќи тоа население да не остане со непристапен пат. Претходно работевме во село Војник и Драгоманце. Состојбата на реките во моментот се стабилизирра, река Пчиња почнува да опаѓа, очекуваме од утре поголемо опаѓање, додека Крива Река е на исто ниво од вчера, очекуваме од утре исто да почне да опаѓа. Во наредниот период нема да има ваква кризна состојба. Инаку излевање на реките имаше на неколку места, но не причини големи материјални штети. Едно од тие места е ова помеѓу селата Јачинце и Клечовце, овде се собира голема дрвна маса која го попречува нормалниот проток на вода, додека имавме мало излевање кај меморијалниот центар таму имаше огромни количини на вода, а имаше и паднати дрвја. Во моментот втората екиопа е во село Пчиња да не дојде до нанесување на дрвна маса на мостот, кој е оштетен од порано-истакна Оливер Илиевски, директор на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)