Под мотото „Природата е наш дом, да ја заштитиме”, членовите на здружението „За наше Куманово” викендов организираа еколошка акција на локацијата „Менкова колиба”.
Целта е да се подигне еколошката свест за зачувување на животната средина, а дали ќе биде чисто Куманово зависи од сите граѓани и генерации, изјави Оливера Трајковска, претседателка на Клуб на жени „За наше Куманово“
Акцијата беше поддржана и од повеќе млади луѓе кои испратија порака дека ќе се грижат за животната средина.
Членовите на здружението „За наше Куманово“ сметаат дека ваквите акции ќе го поттикнат волонтеризмот и одговорноста меѓу кумановци.
Од Менкова колиба ги повикаа сите граѓани на Куманово да бидат дел од следните еко-акции кои што ќе бидат организирани на различни локации во градот и периферијата.