Еколошка акција спроведена на локалитетот Студена Вода (ВИДЕО)

Денеска беше спроведена акција за раззеленување на викенд локалитетот Студена вода, која беше организирана од страна на Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ а со помош на војниците на Армијата на Република Северна Македонија и војниците кои се во Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) кој е сместен во кумановската касарна. Засадени се 30 листопадни, 10 зимзелени, 20 украсни грмушки и 600 садници кои се состојат од бел бор и чемпрес. Градоначалникот упати апел до нашите сограѓани да бидат совесни и да ги чуваат новите насади, како и да бидат одговорни, да не фрлаат смет и да не создаваат нови диви депонии.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)