Еко активности во училиштата

 Денот на пролетта и екологијата, 21 март со повеќе активности се одбележа во сите училишта со цел зајакнување на еколошката свест кај учениците и создавање навики за чиста и здрава животна средина.

Учениците го искористија првото пролетно сонце во собирање отпадоци, чистење на училишниот двор и околните улици, а дел од учениците се погрижија за хортикултурното уредување на дворот засадувајќи цвеќе и садници.

-И нашето училиште ги одбележува сите денови од еколошкиот календар.  Овој ден го одбележавме со еколошки активност, не беше наставен, беше работен ден. Го средуваваме училишниот двор на централната зграда, собирање на смет , окопување на сите садници и дрвца и декорирање на дрворед со камчиња. Во зградата на училиштето на улицата Тане Георгиев исто е чистен дворот и е собиран сметот со наставниците и со учениците, а и зградата на улица Тонко Димков. Исто така поставивме нови корпи за смет, за отпадоци, одделенскиот час беше посветен на темата екологија, се подготвивме за утрешниот настан по повод Светскиот ден на водата, се обидуваме да ја развиеме и поттикнеме свеста на нашите ученици а преку нив и на нивните семејства, изјави Сузана Денковска, педагог во ООУ„Крсте Мисирков“

Учениците секогаш се подготвени за ваков вид акции, да дејствуваат во будењето на еколошката свест кај сите луѓе, со цел да се создадат поквалитетни услови за живот за нив и за генерациите што доаѓаат, посочуваат надлежните.

-Ние како училиште се обидуваме преку нашите можности, преку запознавање на учениците на редовна настава , секој наставник по секој предмет , без разлика дали е биологија, хемија, физика, си планира за цела година како да се подигне еколошката свест, потоа организираме настани и активности на кои што покануваме родители и поширока заедница. За утре творевме на тема вода, литературни и ликовни творења, правевме флаери, беџеви, група ученици чќе делат на граѓаните флаети. Во активностите ги вклучуваме и родителите преку Совет на родители, изјави Сузана Денковска, педагог во ООУ„Крсте Мисирков“

„Да се грижиме за околината значи сметот да го фрламе на одредено место, помалку возење на автомобили, по можност- велосипеди, да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство, да засадуваме нови садници и многу други активности што се неопходни да се придонесе за почиста околина и поздрава средина.

Во последните години екологијата станува се поактуелна, поради поголемите нарушувања во природата што ги предизвикува човекот. Но, она што им недостига на голем дел од граѓаните на Куманово е еколошка свест и култура“, велат од здружението на граѓани „Кумановски акцијаши “ токму по повод денешниот ден.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)