Еко акција за Светскиот ден на глобална чистота

Во трговскиот центар во населба Гоце Делчев денеска во пресрет на Светскиот  ден на глобалната чистота – 15 септември, беше организирана заедничка еколошка акција од општина Куманово, јавното претпријатие „ Чистота и зеленило “ , СВР Куманово и волонтери од невладиното здружение „Кумановски акцијаши“ . Надлежните порачаа граѓаните да се грижат за здрава животна средина, а  апел упатија и до сопствениците на напуштените објекти за кои што во најголем број случаи се водат децениски стечајни постапки да се погрижа  освен за безбедноста и за изгледот на објектите кои што даваат лоша слика за градот. И денешнава акција , како и претходните помина без учество на месното население од Гоце Делчев.

-Институциите се должни да одржуваат јавни прометни површнии , но сето она што е дворно место на приватни објекти, локалитети, згради во согласност со законот се задолжени станбените домари и самите граѓани. Овој локалитет кој што со акција го чистиме беше исчистен пред еден ипол месец. И самите можете да ја забележите фактичката состојба која што денеска ја затековме на лице место. Апелирам до сите оние сопственици на напуштените објекти во општината почнувајќи од субјектите кои што се во стечај и стечајна постапка, транформирани од тимот кои што од државна сопственост преминаа во приватен имот да се грижат првенствено за безбедноста на објектите , а потоа и за нивниот изглед  бидејќи самиот изглед на објектите во централното градско подрачје почнувајќи од хотел Куманово, Кристал и сите оние други објекти во стечајна постапка завршувајќи со овој објект, порано го викавме ресторан Мимоза кој што е зад мене даваат една многу лоша слика за нашиот град, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

И денешнава акција , како и претходните неколку помина без учество на месното население од Гоце Делчев.

-Оваа локација е чистена веќе во овој период трет пат , последен пат е чистена пред месец дена и како што можете да видите се наоѓа во лоша ситуација. Како што изјави  и градоначалникот , потребно е да проработи свеста кај граѓаните и да се потрудиме да се грижиме ние самите да си ја сочуваме животната средина во која што живееме. Освен оваа акција во последните две недели јавното претпријатие освен што се грижи за уредување на централното градско подрачје и она што е донесено со програма од страна на советот на општина Куманово ние спроведовме и акции на повеќе локации за чистње, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Стојчевски најави дека од наредната недела ќе започнат  со интензивни активности за уредување на зелените површини во централното градско подрачје. Инаку, и покрај многубројните еколошки акции во градот и околина , од здружението „Кумановски акцијаши“  констатираат дека свеста на граѓаните за здрава животна средина е апсолутна нула.

-Се обидуваме дури од 2015-та година да ја разбудиме граѓанската свест да се грижат за сопствената средина, но за жал резулатот е овој што е,   изјави Јусуф Љатифи од здружението „ Кумановски акцијаши “

На новинарско прашање дали постои правен механизам да се реши случајот со поранешен Кристал кој навистина негативно го отсликува  центарот на градот , градоначалникот Димитриевски повтори дека стечајните управници се одговорни да се грижат за општата безбедност.

– За жал се водат историски стечајни постапки почнувајќи од деведесетите години до ден- денеска, хотел Кристал, хотел Куба, сите објекти на поранешна Бисерка, целиот Житомел , а гледаме  како со тек на време се урнисува и кумановскиот Тутунски комбинат . Се водат фамозни стечајни постапки во кои што за жал морам да констатирам иако направив неколку состаноци со стечајните управници на овие субјекти се уште немаат мрднато од мртва точка. Доколку не се реши стечајната постапка, истите треба на нивна сметка да ги заградат и да оневозможат евентуални несакани дејствија. Вие сте сведоци дека во овие објекти нема физичко обезбедување, а должни се да го обезбедат , се шетаат луѓе, се качуваат на големи висини итн. а никој ништо не презема, изјави Димитриевски.

Димитриевски нагласи дека општината ги презема сите законски дејствија согласно своите овластувања и веќе во неколку наврати ги информирал   стечајните управници , а ќе го информира и Основниот суд во Куманово за да се  преземат  дополнителни активности .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)