Еко караванот пристигна во Куманово

Со магионичарски трикови, илузионистот Кристиан Шопов денеска ги едуцираше основците од шест до 10-годишна возраст во повеќе кумановски училишта. Со петнаесетина трикови децата се стекнаа со знаење за рециклирање, реупотребување и редуцирање на отпадот.

Проектот го спроведува компанијата „Пакомак“  со магичното шоу на Шопов преку кое до најмалите испратија пораки за зачаувување на животната средина.

– Овие дечиња овде денеска ќе имаат можност да научат во која боја на канта каков отпад треба да фрлаат, односно дека хартијата ја фрлаат во сина канта, стаклото во зелената и пластиката во жолтата, се со цел да можеме да направиме отпадот да исчезне, односно да може да го селектираме и од нешто старо да направиме нешто ново. Децата на интерактивен начин подобро учат и подобро ја помнат содржината на пораките кои што ги пренесуваме кон нив, исто така спроведовме и анкета каде што ги анкетиравме децата преку истражување и видовме какво е познавањето на децата во која канта каков отпад се фрла пред претставата и по претставата и резултатите покажаа дека децата научиле многу повеќе и дека знаењето подобрило, изјави Шопов.

Над 14.000 деца од педесетина училишта во Скопје имале можност веќе да ја видат претставата, а оваа недела шоуто на Шопов ќе го погледнат и сите основци од Куманово, како дел од караванот кој оваа учебна година ќе опфати девет градови.

Чувството е волшебно кога задоволството и корисното ќе се спојат заедно и на тој начин ќе се едуцираат децата, додаде илузионистот Шопов.

– Гледам како преку мојата најголема љубов, односно илузионизмот можам да допринесам не само децата да се забавуваат, туку и да се едуцираат за нешто од што идните генерации, односно тие ќе имаат бенефит во иднина, односно како да создадеме почиста животна средина за сите, додава тој.

Кристиан Шопов со години работи како магионичар, а неговите претстави ги обожаваат и децата и возрасните. Тој е организатор и на првиот Фестивал на илузијата во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)