Екплозија во шахта од гасовод

Експлозија предизвикана од пиротехничко средство вчера изутрина  ги разбуди  кумановци кои живеат во станбените објекти на булеварот „Октомвриска револуција“. Засега се уште непознат сторител вчера  околу 4 часот фрлил пиротехничко средство-топовски удар  во близина на бетонска шахта од дистрибутивен гасовод и при испуштање на дозволената  количина  на гас од шахтата дошло до експлозија во приземниот дел. Ова се случило спроти спорската сала, на просторот помеѓу пешачката патека на градскиот кеј и патеката на булеварот.

Од настанатата екплозија нема повредени, само е предизвикана материјална штета на шахтата, која е во сопственост на јавното претпријатие „Куманово гас“ . При вршење на увидот од јавниот обвинител , СВР Куманово и стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР , од  местото на настанот се подигнати  изгорени остатоци од пиротехнички средства кои дополнително ќе се анализираат и проверуваат.

Јавниот обвинител констатирал дека станува збор за кривичното  дело „предизвикување општа опасност“.

Полицијата се уште работи на пронаоѓање на сторителот и на целосно расчистување  на случајот . Инаку, извори од  истрагата велат доколку оној што ја активирал петардата се нашол во непосредна близина на шахтата сигурно ќе бил зафатен од екплозијата и ќе летнел во воздух. Затоа се претпоставува дека таа е фрлена од поголема далечина. 

Кумановци, кои вчера шетаа по Градскиот кеј вознемирени од силната детонација велат дека не знаат дали некој намерно или случано ја фрлил петардата на гасоводната шахта, но бараат таквите места да се  обезбедат за да не претставуваат опасност за граѓаните.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)