Елезовски: Не грее сонце за Ромите во Македонија

Ситуацијата во државата е толку далеку отидена што власта заборави на сиромаштијата, нечовечки е третманот на малолетници во домовите, не ги согледуваат скандалите при избор на судии и јавни обвинители кои се прават од семејни или пријателски врски и не се цени квалитетот на луѓето кои што треба да дојдат на позициите, вели денеска Ашмет Елезовски, претседател на Националниот ромски центар. Според Елезовски, доделувањето на над 2.500 проекти од културата е скандал, затоа што половина не се знае кој каде ќе ги реализира.

– Од скандал во сакндал се движиме, а ако зборуваме, јас сум припадник на ромската заедница, 0,006 отсто имаат поддршка,дури има и такви поддршки што не соодветствуваат со реалноста. За еден детски фестивал за Ромите, за што велиме дека децата ни се најважната иднина, се даваат само 30.000 денари, а за други небитни работи се даваат ид над 300.000 денари, што е нон сенс, ова не води наникаде туку само кон еден голем револт. Младите луѓе ни заминуваат од државата, немаме конструктивни стратегии, а она што е интересно локалните власти имаат градоначалници, а градоначалниците во последниот период некој вид на живот има во Скопје и Струмица, додека во останатите градови се е во сенка некако, вели Елезовски.

Според првиот човек на Националниот ромски центар, сите имаат поважни работи, само немаат време за правата на граѓаните. Како што додава Македонија се повеќе наликува на монархија, бидејќи само се зборува за Македонци и Албанци.

– На телевизија сме како хипнотизирани, секоја вечер гледаме едни исти аналитичари кои зборуваат и ги првртуваат зборовите само на нив како ќе им се бендисува или како да се умилуваатза да добијат советничка позиција во некое од министерствата, но вака како што сме тргнати едно треба да запаметиме, да не беа странските дипломати, да не беше европското посредување, светските политичари, немаше да имаме смиреност и стабилност во Република Македонија, меѓутоа ги заборавивме нашите граѓани, односно нас не заборавија политичарите, бидејќи нивните празни ветувања само донесоа раздор, лутина и разочарување, заминување од државата, зголемување на дискриминацијата и појавата на расизмот е веќе видлив, вели Елезовски.

Како што рече Елезовски на својата прес конференција политичарите немаат време за Ромите во Македонија, нема за нив место под сонцето во државата, а нема ниту буџети за нивните потреби и барања.

– Навистина како Ромите да се од сосема некоја друга планета, а не се граѓани рамноправни. Тие се рамноправни само според Уставот на хартија, а во практика се празно име или празен глас. Не знам од која причина ромски политичари и интелектуалци молчат или ги нема, можеби времето ќе покаже зошто е тоа така, рече Елезовски.

Елезовски вели дека за време на изборите се спроведувал инфраструктурен проект во Куманово, а населбата Средорек повторно остана без канализациона мрежа, а локалната самоуправа нема покажано политичка волја дека работите ќе се променат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)