Електронски уреди причина за говорни нарушувања

Прерана употреба на таблет, лап топ компјутери, мобилни телефони од страна на најмалата популација придонесува децата подоцна да прозборуваат  или пак да имаат одредени нарушувања во говорот, предупредуваат дефектолозите. Прекумерната употреба на овие електронски уреди придонесува дури и мимиката на децата да им биде вкочанета, погледот право насочен, не покажување интерес за она што се случува околу нив , вели дефектологот Фросина Симоновска.  Како резултат на оваа појава кај децата, рускиот педијатар Олег Комаровски направил истражување на децата од најмала до возраст кај кои ја констатирал дијагнозата „екраноманија“.

-На родителите би им препорачале поголемо внимание да обрнат на своите деца затоа што овој руски педијатар истражувањето што го направил го направил на тригодишни деца и покажува дека кога наполниле една година веќе имале некакви уреди во своите раце, препорачуваме поголема родителска љубов , грижа но и внимание бидејќи на децата тое им е потребно. Овој руски педијатар направил една дистинкција помеѓу она што значи ова современа дијагноза екраноманија од она што значи класичен аутизам. Знаеме дека аутизмот резултира со оштетување во три области комуникација, социјализација и стереотипно однесување и токму овој руски педијатар направил една врска помеѓу она што значи долгогодишна употреба на уреди од најрана возраст и појава на одредено стереотипно однесување кај најмладата популација. Значи децата дури подоцна кога биле им биле отстранети самите уреди кај децата тогаш почнале да воспоставуваат некаков контакт со очите и со рачињата да покажуваат што сакаат бидејќи во тој момент децата се додека ги користеле тие уреди не почувствувале потреба да комуницираат со околината ниту пак да искажат нешто дека им треба или пак дека нешто сакаат, изјави Фросина Симоновска, дефектолог

Вообичаено од 12 до 14 месец детето треба да проговори, посочуваат дефектолозите. Но, доколку едно дете не го изговори првиот збор ниту во втората година , тогаш треба да се побара помош од лекар, заради превенција или пак некакви совети во врска со состојбата. За да се намали ваквата негативна појава кај децата, стручните лица со препорака почесто да се гледаат интерактивни емисии, кои за жал, се помалку ги има во етерот, вели Симоновска.

-За жал овие уреди кои што навистина се достапни кај децата од најрана возраст и веќе се дел од воспитниот процес кај децата  допринесувааат за децата воопшто не се заинтересирани за било какви емисии кои што се јавуваат на телевизијата и се од интерактивен карактер. Самите телевизии не се примамливи за децата а и самата уредничка политика на телевизиите е таква да се помалку емисии има кои што се интерактивни, кои што се насочени кон најмладата популација, изјави Фросина Симоновска, дефектолог

Дефектолозите вработени во училиштата доаѓаат во контакт со децата откако наполниле шест години и веќе настанале одредени говорни нарушувања.  Доколку  се полесни говорните нарушувања се даваат некои едноставни вежби особено за лошото изговарање на одредени самогласки и согласки ,но ако е  нешто посериозно децата се упатуваат  кај логопед за логопедска терапија која што мора да биде интензивна  неколку недели или месеци зависно од степенот на нарушувањето на говорот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)