(ФОТО) Еуро колеџ организира меѓународен форум

Четиридневен меѓународен форум на тема „ Културолошки студии во бизнисот “, организира високо образованата приватна установа Еуро колеџ. На форумот присуствуваат претставници на образовни установи од Литванија, Поругалија, Италија и Албанија. Настанот го поздрави и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Инаку проектот е дел од Еразмус плус програмата.

Претставници на пет европски држави учествуваат на меѓународниот форум во рамки на проектот Културолошки студии во бизнисот, кој го реализира високо образовната приватна установа Еуро колеџ од Куманово. На форумот кој ќе трае наредните четири денови учествуваат претставници на универзитити од Литванија, Португалија, Италија и Албанија.

-Нашата цел овде е да го претставиме на поширок круг на луѓе, за таа цел е повикана и општината, претставници од бизнис секторот, невладините, независни истражувачи, студенти, со цел на пошироката јавност ги запознаеме што е она што го работиме. А конечна цел ќе биде создавање на нова иновативна програма и издавање на специјален журнал и книга, која ќе се обиде да даде едно ново видување и толкување за економијата на 21 от век-истакна Љубиша Петрушевски, декан на Еуро колеџ.

Пред присутните се обрати Ранко Цветковиќ од Еуро колеџ, кој се надева дека проектот ќе резултира со конкретни препораки за подобра меѓународна соработка, културолошки студии и истражување, за да се одговори на општествените предизвици.

-Посакувам огромен успех на проектот за културолошки студии во бизнисот со нетрпение очекувам да ги видам и слушнам резултатите од дискусиите-дополни тој.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој посочи дека на државата и се потребни знаења и менувања на искуства, па ваквите форуми покажуваат дека високо образовните институции работат на тој план.

-Горди сме на тоа што оваа високо образовна институција која е една од првите приватни во државата го организира и прави во делот на едукацијата на нашите граѓани. Дополнително ги охрабрувам, да продолжат на овој пат кој не беше лесен за нив а на сите вас да ви се заблагодарам што ги споделувате вашите знаења, искуства, во делот на се унапреди искуството за високото образование и во нашиот град, и во нашата држава. Македонија е држава која географски се наоѓа во Европа, а јас како градоначалник на најголемата општина, сакам Куманово да го видам еден ден како развиен европски град-истакна Димитриевски.

Проектот „Културолошки студии во бизнисот“ е дел од Еразмус плус програмат, а ќе се реализира до септември 2020 година.

Коментари

коментар(и)