ЕУ проект за подобрување на меѓуетнички односи

Преку проект на ЕУ ќе се подобруваат меѓуетничките односи преку зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку Охридскиот рамковен договор во пет општини од  североисточниот регион. Општините се одберени како таргет општини заради мешаниот етнички состав . Во рамките на проектот ќе бидат доделени  помали грантови на пет невладини организации кои што се занимаваат со женските права,  со правата  на младите и нивното вклучување во меѓуетничкиот дијалог и соработка .

-Овие теми секогаш се важни во земјава. Имало конфликти во минатото и дури ако ситуацијата е добра, секако треба да се работи на оваа тема и понатаму во смисла на превенција за да се спречат проблеми и во иднина, така што треба да се работи на поддршка на соработката меѓу различните заедници, изјави Мартин Клаук, Оддел за соработка на Делегација на ЕУ

Проектот ќе се спроведува 27 месеци , а ќе бидат реализирани 15 различни активности.

– Ќе се водат кампањи на социјалните мрежи , ќе се работи со носителите на обврските од рамковниот договор, со членовите на советите на општините, комисиите за односи помеѓу заедниците како и членовите на политичките партии , ќе се промовира повелба за мир , ќе има јавни кампањи на плоштадите, трибини, отворени денови,  изјави Рената Стаменовска Јанчиќ, проект координатор

За проектот финсиран од ЕУ и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка –СИДА се одвоени 323.000 евра.

Го имплементира меѓународна невладина организација во соработка со локален партнер.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)