Жаклина Јовановска прва жена- градоначалник во СИПР

Изнаоѓање решение за главните инфраструктурни проблеми во општината Старо Нагоричане и обезбедување соодветна здравставена заштита на сите граѓани се приоритетите на новоизбраната градоначалничка Жаклина Јовановска. Како поранешен советник во општината со два мандата, Јовановска ги согледала проблемите во општината од разбиен тип и во наредниот четиригодишен мандат како градоначалничка на Старо Нагоричане ќе вложи труд да ја оправда довербата на граѓаните. Јовановска е прва жена -градоначалник во Североисточниот регион.

-После четири години од завршувањето на мојот мандат како советник се почувствував сигурна и способна да се кандидирам за градоначалник на општина Старо Нагоричане и предизвикот ми беше најголем  поради тоа што една жена тешко прифатливо беше во средина како што е нашата општина рурална, но сепак се покажа дека и тоа можно. Значи исто имав жена противкандидат , но довербата граѓаните ми ја дадоа на мене, и се надевам дека и понатаму ќе ја оправдам нивната доверба. Први на листата ќе бидат решавање на инфраструктурни проблеми во општината, со години луѓето немаат услови за живот како што се патиштата, водоводните системи, уличното осветлување, сите тие проблеми ги мачат долгогодишно, јас се надевам дека со помош од централната власт и со домаќинско и транспарентно работење на општината ќе придонесеме да ги надминеме сите тие проблеми и дека за краток временски период тие ќе бидат решени,  изјави Жаклина Јовановска, градоначалник на општина Старо Нагоричане.

Новата градоначалничка најавува заживување на амбулантите во селата Старо и Младо Нагоричане.

– Тие две населени места опслужуваат поголем број на граѓани, така што најголема заложба ќе биде прво амбулантите да се отворат и да ги опслужуваат граѓаните затоа што има многу стари лица кои што не можат секојдневно да патуваат до куманово за да ги решат своите здравствените проблеми, јас ќе направам најголеми напори што може да се направи во таа сфера и да можеме да ги оспособиме амбулантите и да почнат да работат за услуга на граѓаните, изјави Јовановска.

 Јовановска, како што потенцира,  наследува општина со долгови и со блокирана сметка, но се надева дека со поддршка од централната власт, проблемите ќе се надминат.

– Наследувам општина која е во големи долгови, моментално со блокада на сметката, долговите опретежно се кон евн и  може да дојде до исклучување на струјата, уличното осветлување можеби повеќе од половина година не работи на ниво на општината и другите работи ќе ги согледам таму кога ќе влезам бидејќи неофицијално се дознава дека долгот на општината е околу еден милион евра, изјави Јовановска.

Новоизбраната градоначалничка Јовановска има четиригодишен мандат и се уште актуелен член на Централниот одбор на СДСМ. Вработена е во јавното  претпријатие „Чистота и зеленило“  во секторот Човечки ресурси. Успешна жена, сопруга и посветена мајка.

Коментари

коментар(и)