Желбата за авантура-една од причините за сообраќајки

Се поголем број млади лица се жртви или повредени во сообраќајните несреќи што се случуваат на улиците во Куманово. Појавата се зачестува особено во летниот период кога младите речиси се без обврски поради завршувањето на учебната, но и на академската година. Непријатните настани со трагични последици најчесто се плод од комбинација на повеќе фактори, посочуваат експертите.

-Главно е тука младешкиот дух, желбата за авантури, за докажување која особено испливува на површина овој период кога се послободни, кога се поактивни заедно во комбинација со отсуство на родителска контрола. Најчесто се тоа лица со повисок социо-економски статус, некогаш тоа е гарнирано со присуство на алкохол, тоа е за жал комбинација односно лоша формула за вакви непријатни настани кои однесоа млади жртви, изјави доц.д-р. Маријан Младеновски, универзитетски професор

За да се намалат ваквите појави, често и со трагични последици треба да се зголемат сообраќајните контроли не само во врска со брзото возење, туку и  проверка на возачите дали седнале зад воланот под дејство на алкохол, порачуваат  надлежните.

-Мислам дека треба да се делува малку повеќе во промена на системот на вредностите кај младата популација со можност таа младешка енергија да се насочи, канализира во некој по проактивен општествено полезен, корисен начин да се едноставно сите фактори, почнувајќи од семејството секако но и во институтционална смисла да се фаворизираат оние вредности кои би значеле нешто полезно да се направи отколку да се купи нова кола или да се покаже некој кој ќе вози под дејство на алкохол, изјави доц.д-р Маријан Младеновски, универзитетски професор

Како чести причини за сообраќајни несреќи се посочуват и зборувањето на мобилен телефон, одвлекување на вниманието на возачот со песна или некоја игра и многу други.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)