„Жените и фотографијата“ во „Трајко Прокопиев“

Во кумановскиот центар за култура, „Трајко Прокопиев“ , Фото клуб Куманово, во петок, организираше меѓуклубска изложба насловена „Жените и фотографијата“ на која жените од сите фото клубови низ Македонија имаа изложени свои дела. На изложбата имаше над 40 фотографии на 20 авторки од најразлична возраст и како што истакнаа организаторите, оваа изложба ја докажува сериозноста и успешноста на Фото клуб Куманово.

Селекторот на фотографиите, Стефан Петровски изјави дека тие се одберени според нивната можност да раскажат одредена приказна.

-Фотографиите се селектирани според уметнички критериуми најпрвин, колку фотографијата дава поттик, која е приказната што ја раскажува. Оваа изложба е организирана по повод денот на жената и во план сме да организираме вакви изложби секоја година пред или по осми март- изјави тој.

Авторката на четири изложени фотографии , Марина Крстиќ наведе дека оваа изложба е од посебно значење за сите жени.

-Ова е од ревијален карактер, има повеќе авторки од други градови, така што интересно е да се види до каде сме надоградени како жени фотографи. Пред некој ден беше осми март, така да ова е посветено на жената на нејзината еманципација и автономија- наведе таа.

Инаку Фото клуб Куманово има добиено голем број на награди и сертификати на интернационално ниво.

Коментари

коментар(и)