Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово заедно со општинската организација на Црвен крст организира крводарителска акција која ќе се одржи во петок во просториите на Хотел Солун. Акцијата ќе започне од 10 а ќе трае до 14 часот.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои се во можност да се приклучат на оваа хуманитарна акција за да им помогнат на луѓето на коишто им е неопходна помош.