Жените од ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарна акција

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ синоќа организираше хуманитарна акција за социјално-загрозени семејства од руралните средини. Граѓанки, членки и симпатизери на паријата имаа можност во партискиот штаб да донираат облека, храна, средства за лична хигиена, играчки за деца и слично. Претседателката на унијата, Емилија Трајковска истакна дека се радуваат што со мал гест ќе предизвикаат насмевка на нечие лице.

-Планирано е да се посетат 4-5 семејства претежно во руралните средини од општина Куманово. Сметаме дека оваа помош можеби не е таква која што би била во дадена ситуација значи, можеби не можеме да помогнеме многу, но на овој начин сметам дека сите заедно доколку се здружиме и почесто правиме вакви акции би можеле на некој начин да излеземе во пресред, согласно нашите можности, собраните средства кои ќе можеме да ги обезбедиме и да ги дадеме-нагласи таа.

Трајковска истакна дека и во иднина ќе продолжат да организираат вакви акции, бидејќи кумановци се заинтересирани и сакаат да даруваат. Додаде дека  секојдневно при работата на терен, во постојани контакти со месните комитети, запознаваат луѓе на кои што им е неопходна помош.

-Трибините коишто ги правиме генерално се од едукативен карактер и преку нив сака да се пренесе јасна порака на луѓето. Дали се работи за социјален проблем, здравствен, нешто што и не е проблем, но како превентивно треба луѓето да бидат запознаени. Сметаме дека на тој начин ќе може полесно да осознаат некои работи и преку стручните лица кои доаѓаат и генерално се предавачи да дознаат некоја информација повеќе-додаде таа.

Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ информираа дека ако дозволат временските услови во скоро време планираат да постават и штанд за донации.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)