Жените од СДСМ во посета на „Зафир Сајто“

По повод претстојниот Меѓународен ден на жената, 8-ми март, од Форумот на жени на СДСМ денеска ги посетија користичките на услугите на домот за стари лица, „Зафир Сајто“. Тие наведоа дека на овој начин сакаат на своите сограѓанки да им ја пренесат празничната атмосфера.

-Со разговор со вработените и штитеничките на домот се обидуваме да им го честитаме празникот да внесеме свежина, радост во нивните животи, денови и на тој начин да им обрнеме внимание- изјави Лидија Тасевска, заменик координатор на Форумот на жени.

Координаторката на Форумот, Атина Мургашанска истакна дека и оваа година  со низа активности ќе го одбележат празникот на жената.

-Утрешниот ден ќе биде посветен на хуманитарниот базар ги повикуваме сите наши членки, симпатизери и сите граѓани на Куманово да дојдат на Градскиот плоштад утре од 12 до 15 часот и да изложат дел од своите ракотворби, специјалитети, а собраните средстава ќе бидат наменети за самохраните семејства-изјави таа.

Форумот на жени ќе учествува и на маршот кој што го организира Социјалдемократскиот сојуз, преку кој ќе упатат порака за еднакви можности.  Годинава маршот ќе се одржи во Тетово, а од Куманово е планирано да заминат 500 членки, симпатизери.

За сите заинтересирани граѓани има организиран превоз, а тргнувањето е во 9 часот пред спортската сала.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)