Жените од СДСМ со акција „Дарувај од срце“

Форумот на жени на СДСМ и оваа година ја спроведе хуманитарната акција „Дарувај од срце“. Топлата облека, обувки, ќебиња завршија во просториите на општинската организација на Црвеникот крст, а потоа ќе им бидат донирани на социјално загрозени семејства.

-Поводот е зимскиот период а и хуманата димензија која Форумот на жените на СДСМ ја негува традиционално и континуирано. Освен поединечните акции каде што помагаме на конкретни граѓани на кои им е неопходна помош со оваа масовна хуманитарна акција со топла облека обувки и кебиња се обидуваме да им ги стоплиме срцата на оние на кои им е оваа помош најпотребна. Знаеме дека ова не е голем прилог но даден со голема љубов и како што вели и мотото на акцијата Дарувај од срце се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во поубава светлина и топлина да ги поминат новогодишните и божиќните празници. Сакам да нагласам дека годинава на повикот на Форумот на жените на СДСМ од Куманово не одзваа бројни наши членки симпатизерки а годинава ни се приклучија и активистките на Новата социјалдекомратска партија од Куманово-истакна Атина Мургашанска, претседател на Форум на жени СДСМ.

Хуманитарната акција Дарувај од срце традиционално се одржува во декември, во сите поголеми градови и населени места во Република Македонија.

 

 

Коментари

коментар(и)