Жените се најчести жртви на крадци и гатачки

Жените најчесто се жртви на кривичните дела кои што  се случуваат на подрачјето на Куманово. Во 90 проценти од дрските и џепните кражби, измамите по разни основи, како што се од типот на гатачки, продажба на разни опредмети, нудење огревно дрво по поевтини цени, оштетена е женската популација. Ова беше посочено на денешната работилница насловена „ Влијанието и улогата на жената во безбедноста на заедницата“, а организирана од ОБСЕ  и СВР Куманово.

-Жените имаат добри идеи во областа на сообраќајот, даваат свои идеи каде  и на кои места би било побезбедно и подобро со поставање на сообраќајни патроли, каде би требало да се постави вертикална и хоризонтална сигнализација , изјави Марјан Павличек , СВР Куманово

Целта на ваквите трибини е жените да се поттикнат да соработуваат со полицијата  во идентификување на безбедносните закани, што поефикасно да се спречат или да се реализираат.

– Многу е битно како да се препознае и како да помогнеме да се надминат односите,  да изградиме доверба во полицијата што може да се постигне со што повеќе вакви проекти и вклучување на повеќе жени  во проектите, изјави Ханифе Лимани, учесник  од ОУ„Наим Фрашери“

Едукативна работилница за поголемо учество на жените во проектите кои што ги организира полицијата е одржана и во Липково, а надлежните се надеваат дека ваквата активност ќе биде проширена и на останатите подрачја.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)