Жени од СДСМ во посета на „Порака наша“

Форумот на жени на СДСМ, во рамки на активностите 16 денови на женски активизам, денеска беа во посета на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша.  Средбата е по повод 3-ти декември,  Ден на лицата со попреченост.

-Корисниците на Дневниот центар Порака наша кои се наши драги пријатели кои секогаш со гордост, со радост, среќа ги посетуваме и тие ни враќаат. Денеска за нас е посебен ден, дојдовме да им врачиме некои скромни подароци но најмногу да им посакаме понатаму да имаат подобри услови за работа, да се повеќе прифатени од средината. Свеста на граѓаните да биде поголема сите заедно да направиме едно подобро утре за нив и за нас-изјави Лидија Михајловска, Форум на жени на СДСМ.

Од Порака наша истакнаа дека ваквите посети имаат големо значење за нивните корисници, бидејќи им го разубавуваат денот.

-Сакам да се заблагодарам на форумот на жени на сдсм што денеска издвоија време да не посетат. Оваа недела е наша, недела на деца со посебни потреби. Имавме активности во понеделник во галеријата, морам да се заблагодарам на сите што беа присутни, што ни дадоа поддршка. Утре продолжуваат активносите во училиштата имаме промоција на документарен филм по повод 3-ти декември ден на лица со посебни потреби. Филмот ќе биде прикажан во сите училишта и се надеваме дека ќе наидеме на голем успех по повод овој филм-истакна Емилија Цветковска, секретар на Порака наша.

Од Форумот на жени на СДСМ, истакнаа дека и во иднина ќе продолжат со вакви средби.

 

 

Коментари

коментар(и)