Жителите на Средорек мереа шеќер во крвта

Здружението на дијабетичари денеска организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта, кое се одржа во месната заедница Средорек. Од здружението истакнаа дека се задоволи од одзивот на граѓаните.  Објаснуваат дека на луѓето кај кои ќе измерат повисоко ниво на шеќер во крвта, ги советуваат да го посетат матичниот лекар, кој ги упатува кај специјалист

-Вообичаено од измерените 10 проценти има кај кои се појавуваат знаци на покачен шеќер во крвта, и тогаш ги упатуваме кај матичен лекар и специјалист да провери и да им препише доколку треба терапија случајно можеби и не е ние измериме и доколку е до таа граница од 4,2 до 6, 4 како што пишува дека е дозволено погоре или подоле од таа вредност ги праќаме кај дијабетичарите-посочи Воислав Јовановиќ претседател на извршен одбор на Здружението на дијабетичари.

По мерењето шеќер присутните имаа можност да присуствуваат на предавање за шеќерната болест, кое го одржа специјалистот по социјална медицина во Центарот за јавно здравје, Марјан Денковски. Тие се информираа за причините за настанување на дијабетот, последниците, начинот на лекување и слично.

-Ќе ги запознаеме граѓаните на оваа населба со проблемите кои настануваат со оваа болест и со оглед на социјалната состојба на населението во оваа населба со можностите кои тие ги имаат во рамките на услугите кои ги дава Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство каде што најголем дел од услугите во врска со оваа болест се бесплатни и тие може да ги добијат не само како болест туку и како компликација од оваа болест бесплатно доколку имаат здравствено осигурување, така што ќе се обидеме да им ја приближиме оваа состојба која е релативно сериозна и дава големи компликации но може да се третира лекува и продолжи и да се подобри квалитетот на животот на населението-посочи тој.

Од Здружението на дијабетичари нагласија дека во август и септември ќе имаат бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта во населбата Перо Чичо и градинката Ангел Шајче. Тие досега спроведоа акции во и селата Умин дол, Љубодраг, Ново село, Сопот, населбата Гоце Делчев и во техничкото училиште  Наце Буѓони, кое се наоѓа во поранешен Зик.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)