Жителите на Тоде Мендол мереа шеќер во крвта

Здружението на дијабетичари денеска организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта, кое се одржа во месната заедница Тоде Мендол. Од здружението истакнаа дека се задоволи од одзивот на граѓаните.  Објаснуваат дека на луѓето кај кои ќе измерат повисоко ниво на шеќер во крвта, ги советуваат да го посетат Центарот за дијабет.

-Денеска има три новооткриени од вкупно 54 мерења, нашата цел е да ги откриеме новозаболените луѓето кои досега не знаат дека имаат шеќер. Во општина Куманово бројката на децата е многу мала и за нив се грижи посебна установа во Скопје ние нив не ги третираме а околу 6 до 7000 има на територијата-истакна тој.

Од Здружението на дијабетичари нагласија дека до декември ќе имаат бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта во училиштата, населбата низ градот, но и во руралните средини. Акциите ги најавуваат преку соопштение и во соработка со месните заединици, а вообичаено при секое мерење откриваат од три до пет новозаболени. Тие досега имаа акции во Средорек, Перо Чичо, селата Умин дол, Љубодраг, Ново село, Сопот, населбата Гоце Делчев и во техничкото училиште  Наце Буѓони, кое се наоѓа во поранешен Зик.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)