Жителите на 100-ка бараат нов асфалт и мост

Улицата 100 во населбата Карпош се наоѓа во очајна состојба. Особено е за никаде делот на патот од некогашниот салон до споменикот Зебарњак. Жителите раскажуваат дека главната улица во населбата е како решето, па состојбата не можат да ја поправат ни повремените крпења на дупките. Тие додаваат дека поради лошиот асфалт мораат да одат пеш затоа што превозниците не сакаат да ги уништуваат возилата.

Освен лошиот пат на жителите на Карпош проблем им претставува и оштетениот и небезбеден мост, кој се наоѓа во центарот на населбата, во таканаречената бара. Тие се загрижени за децата, кои одејќи кон училиште, можат да паднат во водата, бидејќи дел од заштитната ограда е урнат,  а нема патека за пешаци.

Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека санација на улицата е голем проект, бидејќи се работи за 9.000 квадратни метри. Тој соопшти дека се уште размислуваат дали истата да ја санираат или пак да работат на повеќе странични улици. Додаде дека според нив главен приоритет во моментов е мостот.

-Тоа нешто што ќе биде приоритет и во наредната развојна програма, нешто што мора да го сработиме. Каналот е уште поранливо прашање за тој дел. Овие денови ќе дојде машинскиот дел за прочистување на тој канал, ќе пуштиме бидејќи се завршува првата фаза до стадионот Башкими натаму ќе видиме што можеме да чистиме-наведе тој.

Инаку во населбата Карпош живеат околу 8.000 жители, од нив 700 се ученици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)