Жители со децении чекаат асфалт

Стотина жители на улиците „Анѓа Ранковиќ“, „6-ти април“ и  „30-ти јули“, кои се наоѓаат во населбата Перо Чичо, во близина на Старата кланица  со децении се без асфалт.  Иако се наоѓаат на само  500 метри од центарот на градот, револтираните граѓани раскажуваат дека поради дупките секојдневно ги кршат своите возила, а кога ќе заврне газат кал до колена.  Жителите велат дека иако редовно ги плаќаат сите комунални давачки кон општината, до сега не наишле на разбирање кај надлежните за решавање на овој сериозен инфраструктурен проблем.

Ископаниот и неасфалтиран пат го одминуваат противпожарните возила, камионите на Чистота и Зеленило, а ниту такси превозниците не сакаат да возат по овие улици. Граѓаните наведуваат дека особено им е тешко во зимскиот период, кога не можат да излезат ниту со своите возила.

Тие апелираат до надлежните да не ги посетуваат само пред изборите и да им даваат лажни ветувања, туку да се заложат и што поскоро да го решат овој деценски проблем.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)