ЖРК Куманово во сабота против екипата од Холандија

Ракометарките на Куманово задутре ќе ги измерат силите со составот на Геониус Гален од Холандија, во рамки на првиот натпревар од ЕХФ Челинџ Купот. Натпреварот ќе се игра во спортската сала со почеток во 18 часот.  Геониус моментално е второпласирана во холандското првенство, но избраничките на тренерот Зоран Јосимовски се први во македонскиот женски шампионат, па се очекува квалитетен и интересен меч во кој двата тима ќе се обидат да дојдат до победа.

-Се работи за прилично силен состав. Ние нема што да изгубиме, ќе дадеме максимум и ќе пробаме на некој начин да ги поминеме и можеби да обезбедиме учество во следното коло. Дефинитивно типичен ракомет за холандска екипа, брз ефективен, со многу шутеви, без застанување, воедно и недоволно тактички спремни, можеби тука треба да гледаме простор каде ќе можеме да доминираме и бараме место за успех, изјави тренерот Јосимовски.

Ракометарките на ЖРК велат дека натпреварот нема да биде лесен, но се наведаат на победа и поддршка од публиката.

– Очекуваме победа, бидејќи тие се втори во нивната холандска лига и се надеваме дека немаат осетено балкански ракомет, па очекуваме победа. Публиката е најважна, атмосфера и мислиме дека многу би ни помогнала за победата на овој меч, изјави ракометарката Сања Дабевска.

– Ги анализиравме деновиве, со оглед на тоа и тренираме. Ги гледаме нивните слабости, што можеме да искористиме како предност и мислам дека ќе биде добар натпревар. Ги повикувам сите што сакаат, што се во можност да гледаат, бидејќи многу ни значи нивната поддршка како плус играч за да извојуваме една убава победа и да продолжиме понатаму во Купот, рече Александра Боризовска.

Засега е непознато дали Црногорката Ана Шарановиќ ќе настапи против Геониус со оглед на повредата со која се здобила на тренингот. Од Управата на ЖРК Куманово ги повикуваат сите граѓани да дојдат и да им дадат поддршка на девојките и да остварат голема победа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)